Tarek Chouiref
22 Мај 2026•Ажурирај: 22 Мај 2026
Израелската артилерија рано утрово гранатираше област во руралното подрачје на Дара во Јужна Сирија, јави сириската државна новинска агенција САНА, пренесува Анадолу.
САНА објави дека од гранатирањето се погодени обработливо земјиште и шумски области помеѓу селата Марија и Абдин во басенот Јармук на западната периферија на областа.
Не се пријавени жртви или значителна материјална штета.
Израелските операции во Јужна Сирија се интензивираа во последните месеци, со речиси секојдневни јавувања за упади, претреси на домови, поставување контролни пунктови и апсења на цивили, вклучително и деца и сточари.
По падот на режимот на Башар ал-Асад во декември 2024 година, Израел го прогласи за неважечки Договорот за разграничување од 1974 година и започна со окупирање на тампон-зоната по должината на границата.
И покрај тоа што новата сириска администрација не упати закани кон Израел, израелските сили извршија воздушни напади врз Сирија по соборувањето на Ал-Асад, убивајќи цивили и целејќи кон воени објекти, опрема и муниција.