Rania R.a. Abushamala
25 Ноември 2025•Ажурирај: 26 Ноември 2025
ЕРУСАЛИМ/ИСТАНБУЛ (АА) – Еден Палестинец е убиен, а петмина се приведени во израелската рација во градот Џенин на Западниот Брег, соопшти армијата денес, јавува Анадолу.
Во соопштението на армијата се вели дека Султан ал-Гани е убиен во заедничка операција спроведена во текот на ноќта со безбедносната служба Шин Бет во јужен Џенин.
Во него се тврди дека Гани е одговорен за напад со чекан во кој е убиен нелегален доселеник во населбата Кедумим во близина на Калкилија во август 2024 година.
Уште петмина Палестинци беа приведени за време на израелската рација во Џенин, соопшти армијата.
Палестинското Министерство за здравство потврди дека 22-годишниот Гани бил застрелан во селото Марка јужно од Џенин, а неговото тело било задржано од израелските сили.
Израелската армија ги засили нападите врз Западниот Брег од почетокот на војната во Газа во октомври 2023 година.
Оттогаш се убиени најмалку 1.080 Палестинци, а речиси 11.000 се повредени во нападите на армијата и нелегалните доселеници на окупираната територија. Приведени се и повеќе од 20.000 луѓе.
Меѓународниот суд на правдата во јули ја прогласи израелската окупација на палестинската територија за нелегална и повика на евакуација на сите населби на Западниот Брег и Источен Ерусалим.