Islam Uddin
14 Јануари 2026•Ажурирај: 15 Јануари 2026
ИСТАНБУЛ (АА) - Најактивниот вулкан во Индонезија еруптираше среда наутро по локално време, исфрлајќи столб од вулканска пепел до 1.600 метри над врвот на кратерот, според Станицата за набљудување на вулканот Мерапи (PGA), јавува Анадолу.
Ерупцијата на Мерапи, кој се наоѓа во покраината Западна Суматра, рано наутро, е регистрирана на сеизмограм со максимална амплитуда од 28,6 милиметри и времетраење од околу 31 секунда, објави државната агенција Антара њуз, повикувајќи се на службеникот на Станицата за набљудување, Ахмад Рифанди во Паданг.
„Ерупцијата сè уште траеше кога беше направен извештајот“, рече Рифанди.
Нема извештаи за жртви или материјална штета на инфраструктурата.
Моментно за Марапи е прогласена состојба на тревога или ниво II бидејќи властите им забранија на јавноста, туристите и посетителите да бидат во радиус од три километри од центарот на активноста.
Властите, исто така, предупредија за потенцијалната закана од „ладна“ лава, особено за заедниците што живеат покрај реките што извираат од врвот на Марапи.
Мерапи, висок 2.891 м, се наоѓа на островот Суматра, каде што властите долго време им забрануваат на жителите и туристите да пешачат во радиус од 3 километри од неговиот кратер.
Тој е еден од приближно 130 активни вулкани во Индонезија, кој се наоѓа во рамките на Огнениот Прстен - зона со висока сеизмичка и вулканска активност во Тихиот Океан.