Meryem Göktaş
08 Март 2018•Ажурирај: 09 Март 2018
ХАТАЈ (АА) - Меѓународниот конвој на совеста, кој беше инициран од група жени, го заврши своето патување денес пристигнувајќи во јужната погранична област Хатај, а кој беше поттикнат со цел подигнување на свеста за жените затворени од страна на режимот на Асад, јавува Anadolu Agency (AA).
Конвојот, кој имаше за цел да го сврти вниманието кон проблемот на жените, кои се подложени на тортура и силување во затворите на сирискиот режим и беше наречен „Глас на угнетените жени во Сирија“, се состоеше од 55 автобуси, а своето патување го започна во вторникот тргнувајќи од плоштадот Јеникапи во Истанбул.
Жените денес во својата крајна дестинација Хатај оддржаа последен собир со цел одбележување на Меѓународниот ден на Жената, а претходно поминаа низ градовите Измир, Сакарја, Анкара и Адана.
Жени од 50 земји, вклучувајќи ги Сирија, Чиле, Палестина, Ирак, Англија, Источен Туркестан, Бразил, Малезија, Пакистан, Кувајт и Катар се обраија на големата група на собирот во подрачјето Антакија.
Меѓу говорничките беа Хомаира Ајуби, авганистанска парламентарка, Олга Богомолетс, украинска заменичка, Сана Белтаги, мајка на тинејџерката Асма Белтаги која беше убиена од страна на египетските војници во Каиро поради демонстрирање против воениот удар и Рајна Рос Мендела-Пери, снаата на лидерот на антиапархизмот во Јужна Африка, Нелсон Мандела.
Учесничките ја повикаа меѓународната заедница да преземе чекори за итно ослободување на сириските жени и девојки кои беа подложени на тортура и силување во режимските затвори.
Маџидд Шорбачи, која седум месеци беше измачувана во режимскиот затвор, и се обрати на толпата во име на илјадници сириски жени кои ја преживеале истата судбина.
Таа изјави дека таа била приведена со нејзиниот сопруг и трите деца.
„Последниот пат кога го видов мојот сопруг беше целиот облеан со крв како резултат на бескрајната тортура од страна на режимските војници“, вели таа.
Нејзиниот сопруг не ја преживеал тортурата и починал.
Гулдем Сонмез, организаторката на конвојот и адвокат за човековите права, изјави: „Ние ќе продолжиме да ја следиме својата цел се додека секоја сестра не биде ослободена“.
Таа изјави дека конвојот бил само почеток на долга и трајна кампања.
Учесничките одбележаа три минутен молк за да искажат солидарност со затворените жени.
Според извештајот на Меѓународниот конвој на совеста во моментот над 6,700 жени од кои над 400 млади девојки сеуште живеат во затворите на Асад.
Сирија е заробена во жестока војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал-Асад презеде мерки со неочекувана свирепост на про-демократските протести.
Оттогаш, според ОН, повеќе од 250,000 лица се убиени а над 10 милиони лица се раселени.