Nilay Kar
26 Октомври 2018•Ажурирај: 27 Октомври 2018
ДИЈАРБАКИР (АА) - Портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин, денес изјави дека четирилатералниот самит за Сирија, кој ќе започне утре во Истанбул, ќе биде фокусиран на пронаоѓањето нови начини за постигнување политичко решение во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA)
„Нашата главна цел на овој самит ќе биде фокусот на тоа какви нови начини можат да се пронајдат, со цел постигнување политичко, а не воено решение во Сирија“, изјави Калин во својот говор на меѓународниот Конгрес во југоисточната област Дијарбакир.
Домаќин на самитот е турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а ќе учествуваат и рускиот претседател Владимир Путин, германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на Франција, Емануел Макрон.
„На самитот турскиот претседател ќе се обрати особено за зачувувањето на минатомесечниот договор за Идлиб и спречување на насилството од страна на режимот на Башар ал Асад“, изјави Калин.
По состанокот во Сочи на 17 септември меѓу Ердоган и неговиот руски колега Владимир Путин, двете страни се согласија за воспоставување демилитаризирана зона во Идлиб, во која актите на агресија се строго забранети.
Во рамките на договорот, опозициските групи во Идлиб ќе останат во областите во кои се веќе присутни, каде што Турција и Русија ќе спроведат заеднички патроли во областа, со цел да се спречи какво било продолжување на конфликти.
Турското Министерство за одбрана на 10 октомври објави дека сириската опозиција и другите антирежмски групи го завршиле повлекувањето на тешкото вооружување од демилитаризираната зона во Идлиб.
Калин изјави дека специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Стефан де Мистура, кој исто така е повикан на самитот, ќе одржи говор, разгледувајќи ги неговите напори досега.
„Нашето конкретно очекување од овој самит е чекорите што ќе бидат преземени за политичко решение да бидат финализирани и да се одреди мапата на патот“, изјави тој.
Калин додаде дека Турција очекува самитот во Истанбул да помогне во формирањето на Комитет за повторно испишување на Уставот на Сирија.