Şeyma Erkul Dayanç
03 Јуни 2026•Ажурирај: 03 Јуни 2026
Поморските вежби предводени од НАТО и САД треба да започнат оваа недела во Балтичкото Море во значително помал состав во споредба со минатата година, јави денес телевизијата ТВП Ворлд, пренесува Анадолу.
„Во ваков период изведувањето на една вака голема воена вежба под водство на САД и со широко учество на членките на НАТО е јасен доказ за силата на Алијансата“, изјави германскиот контраадмирал Штефан Хаиш.
Во вежбата „БАЛТОПС“, планирана од 4 до 20 јуни, ќе бидат вклучени околу 20 пловила од 15 земји и околу 6.000 припадници на персонал, што е приближно половина во споредба со составот во минатогодишните вежби.
Според официјални лица, намалувањето се должи на тековните воени ангажмани на други места, вклучително и распоредувањето сили на Блискиот Исток и на Арктикот.
И покрај тоа, се очекува вежбата да биде најголем поморски маневар во Балтичкото Море оваа година.
Операциите ќе започнат во западниот дел на Балтикот пред да се преместат на исток кон областа околу шведскиот остров Готланд.
Хаиш истакна дека заштитата на поморските линии за комуникација останува главна мисија, како за воената логистика, така и за комерцијалниот бродски сообраќај.
Исто така, тој додаде дека не очекува Русија да преземе акции што би ја активирале клаузулата за колективна одбрана на НАТО, позната како Член 5, и покрај тековните тензии.