Barış Seçkin
23 Август 2016•Ажурирај: 23 Август 2016
ВЕНТЕТОНЕ (АА) - Лидерите на Италија, Франција и Германија се сретнаа за да разговараат на темите како што се одлуката на Велика Вританија за излез од ЕУ, за безбедносната и бегалската криза, како и за теми поврзани со економскиот развој, јавува Anadolu Agency (AA).
Тројцата лидери од Неаполскиот аеродром со воен хеликоптер заминаа на островите Санто Стефано и Вентетоне.
Тие го посетија затворот во којшто беше затворен еден од идеолозите за обединета Европа, Алтиеро Спинели, оттука со носач на авиони на италјанската морнарница заминаа во Гарибалди каде што одржаа заедничка прес конфернеција.
Италјанскиот премиер Ренци, опишувајќи ги островите Вентетоне и Санто Стефано како симболи на величината на Европа, истакна дека „после Брегзитот секој помисли дека 'готово е со ЕУ', но ова не е точно. Имаме пoчит за одлуката на гласачите на Велика Британија, заедно со ова, ние сакаме да напишеме нова страна”.
Ренци потсети на проблемот со беглаците со којшто се соочува Европа и рече дека „спасувањето на луѓето којшто го ризикуват својот живот за да стигнат до Европа претставува обврска за нас. Ова е цивилизациски проблем, ова се нашите вредности”.
Подвлекувајќи дека е потребно да се направи повеќе за мигрантите од Африка, којшто преку Средноземното Море се обидуват да влезат во Италија и оттаму во Европа, Ренци додаде „ЕУ треба и може да направи повеќе за да го спречи нивното заминување од Африка. Потребно е да им се помогне на оние којшто имаат потреба”.
Критикувајќи го популистичкиот дискурс во Европа Ренци истакна дека ЕУ не претставува проблем, таа ги решава проблемите.
„Ние сакаме да докажеме дека Европа е место на мирот, просперитетот и слободата”, рече Ренци.
На прашањето во врска со економските политики на ЕУ и очекувањата за флексибилноста на Италија, Ренци оцени дека „во последните 10 години Италија е земја со најнизок долг и ќе продолжи со структуралните реформи. Добро е и за нашите деца ова да продолжи вака”.
- „Соработката со Турција е нешто позитивно” -
Германската канцеларка Анхела Меркел, потсетуваќи на бегалската криза рече дека „крајбрежната стража не може да ги контролира морските граници. Во врска со ова ние треба да направиме повеќе. Договорот со Турција во врска со мигрантите е нешто добро. Во спротивно, не ќе можеме да ја добиеме борбата против трговијата со луѓе”.
Исто така Меркел се изјасни спротивно на барањата за флексибилност на економските политики на ЕУ поддржувани од Франција и Италија. На прашањето упатено од еден германски новинар во врска со флекибилноста Меркел одгвори, „актуелниот договор за стабилност располага со многу можности за флексибилност. Оценувањето на флексибилноста ќе биде работа на Европската комисија”.
Меркел којашто му честиташе на премиерот на Италија, Матео Ренци, за спроведените стурктурални реформи во земјата, и додаде дека Италија ќе има одржлива иднина.
Покрај ова Меркел истакна дека е потребно да се гарантира иднината на младите во Европа, а дека тие европските искуства треба да ги пренесат низ целиот свет.
- „Ако не преземеме ништо за Алепо, еден ден тоа ќе биде срам за целата меѓународна заедница”-
Францускиот председател Оланд во својата изјава ѝ даде посебен акцент на бегалската и безбедносната кирза.
Изразувајќи надеж за севкупна соработка во шенгенската зона во борбата против тероризмот, францускиот претседател рече дека за ефективна и добра соработка има потреба од повеќе ресурси и дека е потребно да се задоволот потребите за одбрана на европските граѓани.
Оланд потсети и на трагедијата во сирискиот град Алепо, „ако не преземеме ништо за Алепо, еден ден тоа ќе биде срам за целата меѓународна заедница”, рече тој.
Францускиот претседател Оланд посочи дека „ЕУ треба да знае да се заштити, но заедно со ова треба да ги отвори вратите и за беглаците”.
Оланд, исто така, се осврна и на излезот на Велика Британија од ЕУ и во таа смисла истакна дека „Брегзит влијаеше на намалувањето на растот на економијата во второто тромесечје од годината. Ниа сите несигурности треба да ги елиминираме”, изјави тој.
Оланд не одговори на прашањето во врска со кандидатурата на Никола Саркози за председател на председателските избори во 2017 година.