Rania R.a. Abushamala
15 Април 2026•Ажурирај: 15 Април 2026
Од територијата на Либан кон северниот дел на Израел утринава се истрелани најмалку 30 проектили за помалку од еден час, јавуваат израелските медиуми, пренесува Анадолу.
Израелскиот дневен весник „Једиот Ахронот“ објави дека првично во областа на Галилеја биле истрелани повеќе од 20 проектили.
Осум биле пресретнати од системите за противвоздушна одбрана, а другите паднале во ненаселени места.
Десет проектили биле истрелани кон градовите Акра, Нахарија и околните населени места.
Весникот наведува дека три од овие проектили биле успешно соборени, а другите паднале на отворен простор.
Засега нема информации за евентуални жртви или предизвикана материјална штета.