Selen Temizer,Bayram Altuğ
18 Декември 2018•Ажурирај: 19 Декември 2018
АНКАРА (AA) - Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу денеска во Женева изјави дека е остварен значителен напредок во врска со формирањето на уставотворна комисија на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу денес во Женева присуствуваше на состанокот за Сирија со рускиот колега Сергеј Лавров и со иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф. По состанокот, Чавушоглу одговараше на новинарски прашања.
„Остварен е значителен напредок во врска со формирањето на уставотвроната комисија на Сирија", рече Чавушоглу и додаде дека нема недоразбирање околу имињата кои за комисијата ги предложиле режимот и опозицијата во Сирија.
Тој додаде дека се можни различни мислења кога станува збор за цивилното општество и дека на тоа заеднички работат гаранторите и ОН. Турскиот министер за надворешни работи додаде дека на состанокот, освен за имињата, се разговарало и за процедурални правила на уставотворната комисија.
„Разговаравме за тоа со кој процент треба да се носат одлуките, дали со двотертинско мнозинство или со некој повисок процент. Се разговараше и за такви слични теми. Полека се движиме кон крајот", истакна Чавушоглу.
Рече дека трите земји гарантори ги зголемиле напорите за што поскоро создавање на уставотворната комисија, и додаде:
„Предвидуваме дека првиот состанок на таа комисија ќе биде одржан во првиот месес од наредната година. Како гарантори од Астана продолжуваме со меѓусебното јакнење на напорите. Денешниот состанок секако е показател колку процесите од Астана и од Сочи се значителни за политичкиот процес во Сирија и дека тие започнале да носат резултати. Денешниот состанок беше ефективен. Сакаме овие состаноци да бидат корисни за иднината на Сирија и за политичкиот процес во земјата. Како Турција, како значителен актер ќе продолжиме да го даваме нашиот придонес", порача Чавушоглу.