Berk Kutay Gökmen
25 Јуни 2026•Ажурирано: 25 Јуни 2026
Бројот на загинати од двата силни земјотреса што ја погодија Венецуела се искачи на најмалку 164 лица, а 971 се повредени, соопшти денес вршителката на функцијата претседател на Венецуела, Делси Родригез, јавија локалните медиуми, пренесува Анадолу.
Претходно денес Родригез изјави дека се загинати 32 лица, а повеќе од 700 се повредени по земјотресите со интензитет од 7,2 и 7,5 степени синоќа, предупредувајќи дека најверојатно ќе се зголеми бројот на жртви.
Ова се едни од најсилните земјотреси што ја погодиле Венецуела во изминатиот век, а силните потреси биле почувствувани низ регионот.
Доцна синоќа Родригез прогласи вонредна состојба по силните земјотреси што го погодија северниот карипски брег на Венецуела, предизвикувајќи големи штети и активирајќи предупредувања за цунами во регионот.
Геолошкиот институт на САД (USGS) проценува дека постои веројатност од 42 отсто бројот на загинати да биде меѓу 10.000 и 100.000 лица.
Сојузна држава Ла Гваира, во близина на Каракас, е најтешко погодена од земјотресите со интензитет од 7,2 и 7,5 степени.