Ali Cura
05 Април 2018•Ажурирај: 06 Април 2018
МОСКВА (АА) - Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, истакна дека едностраните чекори што ги прави Западот под водство на Соединетите Американски Држави (САД), го нарушуваат безбедносниот баланс на светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Лавров во неговиот говор за време на 7. Меѓународна конференција за безбедност во Москва, упати критики до Западот.
Шефот на руската дипломатија нагласи дека Западот продолжува со валканите политички провокации за демонизирање на Русија.
„Случајот на Скрипал е изрежирано оправдување не само на САД и Британија, туку и на другите земји кои беа принудени на такво нешто, со цел протерување на руските дипломати“, додаде Лавров.
Лавров рече дека долго време во дипломатијата не виделе вакво потсмевање со меѓународното право.
Тој нагласи дека ќе продолжат со разумни критики против овие чекори, и дека сакаат да ја покажат вистината.
„Покрај нашите напори, состојбата во светот продолжува да се нарушува уште повеќе. Ова е основното образложение: заканувачките и деструктивните чекори направени еднострано и непрекинато од Западот под водство на САД, го нарушуваат безбедносниот механизам на светот“, истакна Лавров.