Sinan Uslu
31 Јануари 2018•Ажурирај: 01 Февруари 2018
АНКАРА (AA) - Таканаречениот споменик на лидерот на терористичката организација Абдулах Оџалан, изграден од страна на терористите од ПЈД/ПКК заради провокација, е бомбардиран со национално вооружено беспилотно летало (СИХА), во рамките на операцијата „Маслинова гранка“, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите од новинарите на АА, за време на истражната активност спроведена од страна на Турските вооружени сили (ТСК), бил пронајден „Споменикот Оџалан“ кој бил изграден на јужната падина на планината Дармак, спроти селото Ѓулбаба.
Операцијата почна со цел да се уништи таканаречениот споменик, на којшто беше ставен портретот на Оџалан на 53-метарска бетонска конструкција.
За таканаречениот споменик употребен како пропаганден материјал од страна на членовите на терористичката организација, беше организирана воздушна операција во рамките на „Маслинова гранка“.
Снимките од бомбардирањето на конструкцијата со СИХА и со национална интелигентна муниција беа споделени. Облакот од прашина што лебди низ т.н. споменик што беше погоден, го привлекува вниманието.
- Бомбардирање на планината Дармак -
ТСК и Ослободителната војска на Сирија, по операциите на планината Бурсеја, со интензивни копнени и воздушни напади ја спроведуваат операцијата на планината Дармак.
Се уништуваат утврдените цели на ПЈД/ПКК, преку борбени авиони, хаубици и артилериски станици поставени во регионот.
Операцијата „Маслинова гранка“ во Африн започна со цел воспоставување безбедност во пограничниот појас, неутрализација на терористичките елементи на ПЈД/ПКК и ДЕАШ, ослободување на териториите окупирани од терористите и спас на братскиот народ од тоа подрачје.