Ali Murat Alhas
30 Ноември 2018•Ажурирај: 30 Ноември 2018
АСТАНА (АА) - Командантот на огранокот на Слободната сириска војска (ССВ), бригадата „Султан Мурат“, денес изјави дека терористичката група ЈПГ/ПКК дејствува во источна Сирија под изговор за борба против милитантите на ДЕАШ, кои, како што нагласи тој, всушност не се наоѓаат во областа, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој изјави дека ССВ е подготвена да спроведе операции во североисточните сириски региони Тал Абјад, Рака и Ал Хасеке.
Во интервју за АА, командантот Ахмад Осман ја коментираше улогата на Иран во Сирија, стратегиите на режимот на Асад, и моменталното присуство на ЈПГ/ПКК во областите источно од реката Еуфрат.
Нагласувајќи дека странските терористички групи поддржани од Иран ја менуваат демографската композиција на Сирија, тој изјави: „Тие ги променија уличните знаци во главниот град. Џамијата „Сајидах Зајнаб“ е претворена во нивно седиште. Шиитските милитанти купија домови во Дамаск“.
Командантот на ССВ исто така нагласи дека слични проблеми се случуваат и во источната сириска покраина Деир ез Зор.
„Свесни сме дека Иран ја има окупирано Сирија. Иран го презеде образованието во земјата и градежништвото“, рече тој.
Според Осман, режимот на Асад ги игнорирал активностите на Иран истовремено споредувајќи ги турските сили во регионот со „освојувачи“.
„Турците постојано нагласуваат дека немаат никакви територијални амбиции во Сирија, дека нивната единствена цел е зачувување на нивната национална безбедност“, изјави Осман, нагласувајќи дека терористичката група ПКК сè уште е присутна во близина на сириско-турската граница.
Тој, исто така, изјави дека ССВ е подготвена да учествува во операциите источно од Еуфрат.
„Подготовките се веќе во тек, имаме голем број добро обучени борци“, изјави тој.
„Единствениот проблем е присуството на американските трупи во регионот“, рече тој и додаде:
„Се надевам дека САД ќе се повлечат и дека турската Армија, поддржана од ССВ, ќе ги прочисти областите источно од реката од терористите на ПКК, кои се преправаат дека се борат против ДЕАШ“.
„Всушност не постои присуство на ДЕАШ во Рака, Ал Хасеке и Тал Абјад, затоа ние можеме да извршиме операции таму“, изјави Осман.
„Но САД сакаат да останат во оваа област, што значи дека поддршката на САД за ПКК ги попречува операциите источно од Еуфрат“, додаде тој.
„За среќа, ние исчистивме еден крај од границата (од терористите) по операцијата „Маслинова гранка“ која беше предводена од Турција. Сега таму постојат цивилни администрации кои работат ефективно во овие области“, додаде тој, осврнувајќи се на сирискиот регион Африн.
Осман, исто така, ја пофали моменталната поддршка на Турција за цивилите во регионот.
„Турските невладини организации се активни во областа и имаат обезбедено помош за голем број развојни проекти“, изјави тој. „Иранците пак, дејствуваат спротивно во согласност со нивната сопствена агенда и религиозни верувања“.
„Турското присуство и иранското присуство во Сирија се од сосема различна природа“, додаде Осман.
„Доколку сириските граѓани не можат да докажат дека поседуваат имот во рок од една година, тој ќе биде конфискуван од страна на режимот“, нагласи Осман додавајќи: „Тогаш режимот ќе го искористи тоа како изговор да го продаде имотот на ирански купувачи.“
Според командантот на ССВ, режимот на Асад никогаш не барал политичко решение за седумгодишниот конфликт во земјата.
„Единствената цел на режимот е да воспостави контрола во земјата преку воено решение“, изјави тој.
„Дамаск не се грижи за Астана, Женева или кои било други преговори“, додаде тој. „Официјалните претставници на режимот само присуствуваат на тие состаноци како резултат на притисокот од страна на Русија. Режимот не сака преговори, што би значело да им се дадат на луѓето нивните права“, изјави Осман.