Dildar Baykan
24 Септември 2019•Ажурирај: 25 Септември 2019
ЊУЈОРК (AA) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе бидат проширени санкциите врз Иран доколку Техеран продолжи со, како што рече, заканувачко однесување како што се тоа го прави, јавува Anadolu Agency (AA).
„Се додека трае заканувачкото однесување на Иран, санкциите кон таа земја нема да бидат укинати, тие ќе бидат и заострени", рече Трамп во обраќањето на 74. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк.
Нагласи дека е многу важно да се преземат одредени мерки против Иран, додавајќи дека секоја земја во таа смисла треба итно да делува.
„Секоја држава има одговорност да презеде одредени мерки против Иран"; рече американскиот претседател и истакна дека Соединетите Американски Држави (САД) во последно време вовеле бројни санкции кон Техеран.
Нагласи дека Иран и покрај санкциите и казните продолжи со, како што рече, со исти ставови и исто однесување.
Трамп се осврна и на глобализмот, тврдејќи дека на светот ќе му биде подобро доколку нациите ги следат сопствените интереси.
„Иднината не им припаѓа на глобалистите. Иднината им припаѓа на патриотите. Иднината им припаѓа на суверените и независните народи"; рече Трамп и се осврна и на прашањето на мировниот процес во Авганистан, напоменувајќи дека е многу важно да се продолжи да се работи на изградба на мирот и безбедноста.
„Нападите на талибаните во Авганистан продолжуваат, но никогаш нема да престанеме да работиме за мир со нашите сојузници", порача Трамп.
Говореше и за Николас Мадуро, сегашниот претседател на Венецуела, кој го нарече „кубанска марионета".
„Мадуро е кубанска марионета која ја штитат кубанските членови на обезбедувањето. Тој се крие од своите луѓе", рече Трамп.
Во Њујорк денес со воведното обраќање на Антонио Гутереш, генералниот секретар на Обединетите нации, започна 74. Генерално собрание на ОН.