Serdar Dincel
18 Септември 2026•Ажурирано: 18 Септември 2026
Танкер бил погоден од „непознат проектил“ во Ормускиот Теснец, при што избувнал пожар на бродот, соопшти денес Британската служба за поморски трговски операции (УКМТО), јавува Анадолу.
Пожарот „во меѓувреме е изгаснат“, соопшти УКМТО во изјавата објавена на американската платформа за социјални медиуми Х.
„Според досегашните информации, сите членови на екипажот се безбедни, а засега не е потврдено влијанието врз животната средина“, се наведува во соопштението.
УКМТО ги повика бродовите што транзитираат низ областа да бидат внимателни и „да пријават каква било сомнителна активност до УКМТО додека надлежните органи го истражуваат инцидентот“.
Засега нема дополнителни информации за инцидентот.