АНКАРА (АА) - НАЗЛИ ЈУЗБАШИОГЛУ -
Амбасадорот на Турција во Непидо, Керем Диванлиоглу, во врска со направените дипломатски чекори и хуманитарна поддршка за араканските муслимани од страна на Турција, истакна дека „Турција од почетокот беше најактивна земја, и земја со највлијателен став во врска со прашањето за Аракан. Немаме никакви очекувања. Ние како Турција пристапуваме кон прашањето за Аракан само и само од хуманитарен аспект“.
Диванлиоглу заедно со претставници на Обединетите нации (ОН), и амбасадорите на другите земји во Мјанмар, на 2 октомври ја посети мјанмарксата област, Аракан. Тој во разговор за Anadolu Agency (AA) ги оцени впечатоците и хуманитарните активности на Турција кои ги реализира оваа држава за араканските муслимани.
Диванлиоглу потсети на говорот на шефицата на дипломатијата на Мјанмар и државна министерка задолжена за работата на Претседателството на Мјанмар, Аунг Сан Су Чи, емитуван во живо преку ТВ и интернет на 19 септември, во кој им се обрати на странските диломати во Непидо, која вели дека; „Мјанмарската влада не се плаши од меѓународните истражувања."
Таа рече дека посетата во Аракан на делегацијата на ОН, и странските дипломати во Мјанмар, е извршена по повикот на Су Чи.
Амбасадорот Диванлиоглу пренесе дека речиси сите амбасадори позитивно одговориле на поканите упатени до околу 50 амбасади кои се наоѓаат во Мјанмар, и до претставниците на ОН. Диванлиоглу информираше дека посетата била планирана да се одржи на 28 септември, но поради силните ветрови во Аракан, таа посета е одложена за 2 октомври.
- „Напорите за враќањe во селата треба да продолжат во рамките на Мјанмар“
Диванлиоглу пренесе дека во рамките на еднодневната посета организирана од страна на властите на Мјанмар, делегацијата сочинета од претставници на ОН и дипломати го посетила главниот град на Аракан, Ситви, а потоа во три групи со хеликоптер тргнале кон областа Мунгдав која се наоѓа на границата со Бангладеш.
Истакнувајќи дека пред настанатите случувања, 90 отсто на жителите на оваа област биле аракански муслимани, а живеело едно будистичко малцинство, Диванлиоглу рече:
„Во северниот дел на Аракан се наоѓа едно муслиманско население од околу 800 илјади лица. Околу 500 илјади од нив моментално се во Бангладеш. Летајќи со хеликоптер забележав голем број запалени села. Голем број села биле целосно запалени и уништени“.
Диванлиоглу вели дека овој пат само пет муслимански села во областа Ратдаунг и додаде дека заедно со делегацијата го посетиле селото Ал Наук Пјин, едно од тие пет села, и се состанале со араканските муслимани во селото.
„На медиумите имаше голем број вести во врска со ова селоо дека 'селото е обиколено со Будисти, се соочуваат со глад, е се под интензивна закана на Будистите'. Отидовме во ова село за да ја видиме ситуацијата на лице место, и за поддршка на муслиманите. Жителите рекоа дека се обиколени од страна на Будистите, дека сакаат да им се овозможи безбедност, и сакаат да се реши проблемот со храна. На овој состанок беше присутен и министерот за здравство на Мјанмар. Мјанмарските власти ветија дека ќе се обезбедува безбедноста како и за два дена ќе се обезбеди итна помош за храна“, рече Диванлиоглу.
Како што рече Диванлиоглу, напорите за враќање на араканските муслимани во селата треба да продолжат во рамките на Мјанмар.
- „Хуманитарните активности треба повторно да започнат“
Диванлиоглу ја оцени како голем проблем одлуката на мјанмарската влада да не се дозволи истражувачката мисија на ОН да влезе во Аракан.
Диванлиоглу потсети дека Мјанмар не ја прифаќа истражувачката мисија на ОН која се состана по настанатите насилни настани во Аракан на 9 октомври 2016 година.
„Вистинското очекување на меѓународната заедница е дозловување на истражувачката мисија на ОН да влезе во регионот. Спречувани се хуманитарните активнсти на ОН кои со години ги реализираат ов Аракан. Овие активности треба што побрзо повторно да започнат. Бидејќи овие чекори се чекоир кои спасат живот. Не се работи само за помош од храна, туку за храна со посебни протеини за потхранети деца, и поддршка за бремени жени“, рече тој, истакнувајќи дека Турција заедно со меѓународната заедница ќе продолжи јасно да го истакнува ова прашање пред мјанмарската влада.
- „Турција има водечка и посебна позиција во оваа криза“
Диванлиоглу рече дека Турција се труди и на дипломатски аспект и преку хуманитарните помоши, да нуди поддршка за араканските муслимани.
Тој потсети на зборовите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој вели дека Турција пристапува кон овој проблем само од хуманитарен аспект.
Истакнувајќи дека Турција воспоставила контакти со мјанмарската влада за решавање на проблемот, турскиот амбасадор пренесе дека мјамарската влада го разбрала ова, и изразила доверба кон Турција.
„Турција и ТИКА се меѓу малиот број на земјите и иснтитуциите кои моментално реализираат активности во регионот. Критична улога за време на кризата одигра телефонскиот разговор меѓу нашиот претседател и Аунг Сан Су Чи“, рече Диванлиоглу, истакнувајќи дека по овој телефонски разговор Турција ги ставила во сила механизмите за соработка за доставување хуманитарна помош во регионот.
„Од почетокот, Турција имаше најактивен и најефикасен став. Ние ништо не очекуваме. Ние како Туција пристапуваме кон прашањето за Аракан само и само од хуманитарен аспект“, истакна Диванлиоглу, и додаде дека Турција има водечка позиција во оваа криза.
Диванлиоглу нагласи дека за време на неговата посета бил пречекан со почести и благодарност од страна на араканските муслимани кога им рекол дека е амбасадор на Турција.
„Нашата позиција во оваа криза има за цел да ја мобилизира меѓународната заедница, да не го прекинува дијалогот со Мјанмар, и давање поддршка за араканските муслимани. Тие ја гледаат Турција како нивна единствена надеж. Важно е да се унапредува имајќи ги во во предвид сите овие нешта“, изјави за АА Амбасадорот на Турција во Непидо, Керем Диванлиоглу.