Tarek Chouiref
15 Септември 2026•Ажурирано: 15 Септември 2026
Над 137.000 деца на училишна возраст во Јемен се соочуваат со сериозно попречување во образовниот процес поради тековниот конфликт, соопшти УНИЦЕФ, јавува Анадолу.
Агенцијата на ОН за деца наведе дека нејзините тимови за интервенција поставуваат 20 простори приспособени за деца и привремени училници, како и дека обезбедуваат услуги за заштита на погодените деца.
„Децата не смеат да ја изгубат својата иднина поради конфликтот“, порачаа од УНИЦЕФ.
Во петокот агенцијата соопшти дека обновените борби ги принудиле семејствата да ги напуштат своите домови во западната провинција Таиз и во областите по должината на западниот брег на Јемен.
УНИЦЕФ, заедно со Фондот на ОН за население (УНФПА) и Светската програма за храна, обезбедува итна помош за повеќе од 14.000 новораселени лица.
Судирите меѓу силите на меѓународно признатата Влада на Јемен и Хусите ескалираа од почетокот на јули, по неколкугодишен релативен мир.
Земјата е зафатена од војна откако Хусите го зазедоа главниот град Сана и неколку провинции во 2014 година, пред арапската коалиција предводена од Саудиска Арабија да интервенира во 2015 година како поддршка на меѓународно признатата Влада.