Bahattin Gönültaş
13 Декември 2021•Ажурирај: 14 Декември 2021
БЕРЛИН
Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ соопшти дека постигнала договор за купување на „Арена фармацеутикалс“ за 6,7 милијарди долари за да ја прошири својата позиција за третман на рак и воспалителни болести, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на „Фајзер“, компанијата „Арена фармацеутикалс“, која развива лекови во областа на гастроентерологијата, дерматологијата и кардиологијата, ја прифатила понудата на „Фајзер“ од 100 долари по акција.
Понудата е двојно повисока од цената на затворањето во петокот (49,94 долари) за акциите на „Арена фармацеутикалс“, со седиште во Калифорнија.
Продажбата се очекува да заврши во првата половина на следната година, по добивањето на потребните дозволи.
„Фајзер“, една од првите компании што го разви новиот тип вакцина против коронавирусот (Ковид-19) во соработка со германската биотехнолошка компанија „БајонТек“, минатиот месец ја купи „Трилиум терапеутикс“, што развива лекови за рак, за приближно 2,22 милијарди долари.