Yusuf Özcan
10 Јануари 2019•Ажурирај: 11 Јануари 2019
ПАРИЗ (АА) - Министерот за надворешни работи на Франција, Жан-Ив Ле Дриан, истакна дека неговата земја од воен аспект е присутна во Ирак и Сирија, и дека од Сирија ќе се повлече кога ќе се најде политичко решение, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ле Дриан во изјава за тв-каналот CNEWS разговараше за актуелните теми, и рече дека сѐ уште продолжува присуството на терористичката организација ДЕАШ во еден дел во Сирија и во Ирак. Според него, сѐ уште не завршила борбата против ДЕАШ.
Шефот на француската дипломатија истакна дека основната цел на Франција е борбата против ДЕАШ. Тој се осврна и на терористичката организација ЈПГ/ПКК која во Сирија го користи името СДГ.
„СДГ е наш најголем сојузник во Сирија. Таа на терен води борба против ДЕАШ. Одлуката на САД за повлекување од Сирија е сериозна одлука, бидејќи СДГ ја ставаат во тешка позиција. Затоа, на меѓународно ниво, со нашите сојузници треба да ја осигураме нејзината безбедност“, додаде тој.
Ле Дриан рече дека во наредните денови ќе реализира средби во Ирак.
Според Ле Дриан, Русија има политичка одговорност поради тоа што го поддржува Асадовиот режим, додека, рече тој, со цел да се воспостави мир во Сирија, треба да се најде политичко, а не воено решение.
„Имаме присуство во Ирак. На скромен начин имаме присуство и во Сирија, со цел да ги поддржиме Американците. Кога ќе се најде политичко решение, се разбира дека ќе се повлечеме (од Сирија)“, нагласи шефот на француската дипломатија, Ле Дриан.