Ahmet Gençtürk
01 Јули 2026•Ажурирано: 01 Јули 2026
Шумскиот пожар што го зафати северниот регион Македонија во Грција однесе два живота во северниот пристаништен град Солун, јавија утрово грчките медиуми, пренесува Анадолу.
Жртвите се 65-годишен маж и 12-годишно дете, за кое се верува дека е негов син, објави јавниот сервис ЕРТ.
Пожарникарите најпрво го пронашле телото на мажот во дворот на куќата, а потоа и телото на детето во куќата.
Засега не е познато зошто не успеале навреме да се евакуираат и покрај предупредувањата. Се наведува дека на нивниот голем имот имало пчелни кошници и земјоделски култури, па можно е да се обидувале да го спасат својот имот пред огнот да дојде до него.