Saadet Gökce
22 Јули 2026•Ажурирано: 22 Јули 2026
Јапонија денес издаде предупредувања за топлотен бран за 41 од своите 47 префектури, пренесува Анадолу.
Јапонија е зафатена од континуиран топлотен бран, со систем на висок притисок што ги зголемува температурите над 40 Целзиусови степени втор ден, соопшти јавниот сервис НХК.
Ова го означува вториот „кокушоби“ ден или „сурово топол ден“, официјална нова ознака што помага да се нагласи јавното предупредување.
Највисока температура од 40,5 Целзиусови степени е измерена во Кувана, во префектурата Мие, проследена со 40,1 Целзиусов степен во Хамамацу, во префектурата Шизуока, во 14 часот по локално време.
Во неколку градови, исто така, се регистрирани температури над 39 Целзиусови степени.
Според противпожарната служба на Токио, 287 лица се однесени во болница поради сомнение за преживеан топлотен удар.
На жителите им се советува да користат клима-уреди, да бидат хидрирани и соодветно да консумираат сол. Исто така, се препорачува да избегнуваат долга активност на отворено.
Категоријата „кокушоби“ беше воведена од метеоролошката агенција оваа година за деновите кога температурите достигнуваат 40°C или повеќе, според „Џапан тајмс“.
Минатото лето повеќе од 100.000 луѓе беа однесени во болниците поради топлотен удар.