Eşref Musa,Mohamad Misto,Ömer Koparan,Muhammed Temim Hocaoğlu
06 Ноември 2020•Ажурирај: 07 Ноември 2020
ХАСЕКЕ
- Омер КОПАРАН / Ешреф МУСА
Режимот на Асад кој е под санкции на Соединетите Американски Држави (САД) продолжува да купува нафта од нафтените извори што терористичката организација ЈПГ/ПКК ги држи под своја контрола со поддршка на САД
Според информациите што новинарот на АА ги доби на теренот, терористичката организација секој ден во просек на режимот на Асад му продава 500 шлепери нафта. Соодветно на тоа, последниот месец помеѓу организацијата и режимот на Асад спроведена е трговија со нафта од 15.000 шлепери.
Новинарите на АА во областите окупирани од терористичката организација ги снимија цистерните со нафта на Хусам Катирчи, раководителот на милициите и пратеник, одговорен за трговијата на режимот со терористички организации, кој е на списокот на санкционирани од страна на САД.
Цистерните кои ја превезуваа нафтата преземена од областа Румејлан која е под окупација на ЈПГ/ПКК беа видени во три различни точки: Тел Тамир, Ајн Иса и Рака.
На снимките се гледа дека танкерите кои ја транспортираат нафтата од регионот на терористичката организација до регионот на режимот на Асад се придружувани од руски оклопни возила.
- Партнерот на САД продолжува да ги крши законите воведени од САД
Терористичка организација ЈПГ/ПКК, „партнерот“ на САД, продолжува да ги крши законите воведени од САД продавајќи нафта на режимот на Асад и тргувајќи со Хусам Катрчи, кој се наоѓа на списокот со санкционирани лица од страна на Министерството за финансии на САД.
Според Сирискиот закон за цивилна заштита на Цезар, потпишан од американскиот претседател Доналд Трамп на 21 декември и кој стапи во сила на 17 јуни, постојат казни како дел од санкциите за помош во развој на домашното производство на нафта на режимот и за трговски односи со режимот.
САД на поединци и институции кои ги кршат споменатите закони им се закануваат со санкции како што се забрана за патување, замрзнување на имотот во САД и забрана за какви било финансиски трансакции со други земји и компании.
Останува нејасно дали САД ќе воведат санкции против ЈПГ/ПКК поради прекршувањето на споменатите закони.
- Недостигот на гориво продолжува во регионите на режимот
Режимот на Асад пред граѓанската војна можеше да ги задоволи своите потреби за гориво со рафинирање на нафтата што самиот ја вадеше, но веќе подолго време се соочува со криза на гориво, откако нафтените полиња првенствено беа окупирани од терористичката организација ДЕАШ, а потоа преминаа во рацете на терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Проблемот со гориво и гас стана хроничен во градовите Алепо, Латакија, Дамаск и Хама што се под контрола на режимот на Асад.