Mücahit Aydemir
13 Јули 2022•Ажурирај: 14 Јули 2022
ЕРУСАЛИМ (АА) - Воздухопловните сили на Израел и Грција одржаа заедничка воена вежба во израелскиот воздушен простор, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Одделот за комуникации со јавноста на Израелската армија даде писмена изјава во врска со воената вежба.
Во соопштението се наведува дека израелските воздухопловни сили реализирале воени вежби со својот грчки партнер над израелското небо. Воените вежби ќе придонесат за справување со различни сценарија, вклучително и напредна воздушна борба и полнење со гориво на грчките воени авиони при самиот лет.
Се нагласува дека вежбата, која е опишана како терен и можност за размена на искуства меѓу воздухопловните сили на двете земји, е важна точка за унапредување на соработката и заедничките интереси меѓу Израел и Грција.
Во соопштението, меѓу другото, се подвлекува дека вежбата „придонесува за зголемување на борбената готовност на двете воздухопловни сили наспроти различните сценарија и способноста на двете воздухопловни сили да се справат со потенцијални оперативни сценарија кои претставуваат предизвик за воздухопловните и техничките екипи“.