Islam Uddin
17 Февруари 2022•Ажурирај: 18 Февруари 2022
АНКАРА (АА) ‒ Австралија ќе ја додаде целата палестинска група Хамас на листата на забранети терористички организации, објавија денеска локалните медиуми, пренеусва Агенција Анадолија (АА).
Канбера, која веќе го стави на листата терористички организации военото крило на Хамас од 2003 година, ќе им се придружи на САД и Велика Британија и Израел во проширувањето на листата и со политичкиот огранок, јави државната телевизија „АБЦ Њуз“ (ABC News).
„Нема место во Австралија за нивните идеологии на омраза“, рече министерката за внатрешни работи, Карен Ендрјус, нарекувајќи ги ставовите на Хамас длабоко вознемирувачки.
„Од витално значење е нашите закони да целат не само кон терористичките акти и терористите, туку исто така, и кон организациите кои планираат, финансираат и ги спроведуваат тие акти.“
Потегот предизвика остри критики од Австралиската палестинска мрежата (APAN), која рече дека силно се противи на предлогот кој „не прави ништо за да ја унапреди каузата за мир, и само ќе предизвика страдање на 2 милиони луѓе кои во моментот преживуваат под 15-годишна блокада од Израел“.
„Владата не успеа да ја исполни својата должност во изнаоѓање мирно решение и покажа дека применува едни правила за Палестина, а други за Израел“, изјави бискупот Џорџ Браунинг, претседателот на групата.
„Целиот процес кој доведе до ова го водеа оние кои имаат да ja истуркаат политичката количка, при што само произраелските групи се бараат за докази. Уште еднаш оваа Влада покажа дека нема интерес за човековите права, ниту за примената на меѓународното право.“
Насер Машни, потпретседател на АПАН, упати крититки до австралиската Влада за нејзиниот пристрасен пристап кон Палестинците.
„Организациите за човекови права постојано откриваат дека Израел е држава на апартхејдот и на злосторства против човештвото, но Палестинците се оние кои уште еднаш треба да страдаат од овие предрасуди“, рече тој.