Islam Doğru
09 Август 2022•Ажурирај: 09 Август 2022
ЊУЈОРК (АА) - Поранешниот американски претседател Доналд Трамп соопшти дека неговата вила Мар-а-Лаго на Флорида вчера бил претресувана од агенти на Федералното истражно биро (ФБИ), пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Мојот прекрасен дом, Мар-а-Лаго , во Палм бич, Флорида, сега е под опсада, нападнат и окупиран од голема група агенти на ФБИ. Ова е мрачно време за нашата нација. Никогаш порано на еден американски претседател не му се случило ваква нешто“, истакна Трамп во писменото соопштение.
Наведувајќи дека агенти на ФБИ скршиле сеф на неговиот имот, Трамп нагласи: „Оваа ненајавена рација во мојот дом која е извршена во соработка на релевантните владини агенции не е потребна и не е соодветна.“
Асосиејтед прес, цитирајќи извори кои имаат познавање во однос на ова прашање, наведе дека рацијата на ФБИ била поврзана со истрагата за тоа дали Трамп однел доверливи документи во својата резиденција на Флорида за време на неговиот мандат во Белата куќа.
Министерството за правда истражува дали постојат доверливи документи во 15-те кутии со документи земени од вилата Мар-а-Лаго.
Федералните закони забрануваат изнесување на доверливи државни документи од службените места утврдени со закон.