Esat Fırat
11 Декември 2018•Ажурирај: 11 Декември 2018
РАМАЛА (АА) - Палестинското Претседателство соопшти дека ќе донесе многу важни мерки во случај да продолжат нападите и притисоците на израелските сили врз окупираните палестински територии, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Претседателот Махмуд Абас реализира итни телефонски разговори со меѓународните страни, пред сѐ со арапските земји, со цел да ја преземе својата одговорност во однос на опасните тензии на Израел“, се вели во соопштението на палестинското Претседателство.
Во соопштението се нагласува дека зголемените тензии кои ги предизвикува Израел се постојаните притисоци врз окупираните палестински градови, вршење кривично дело врз Палестинците од страна на еврејските доселеници и прекршување на почитта кон светите места.
Се вели дека не се прифатливи притисоците на Израел кои се во тек.
„Овие практики на Израел ги надминаа сите граници, и тие се прекршувања за кои отсега натаму нема да се молчи. Овие рации се отворено прекршување на сите договори потпишани претходно“, се наведува во ова соопштение.
Според него, палестинското Претседателство ќе ја разгледа последната состојба во однос на овие случувања, и ќе бидат донесени потребни одлуки кои ќе го заштитат и ќе му служат на палестинскиот народ, но не се дадени детали.
Израелските сили вчера извршија напади врз Палестинците во градот Рамала, во окупираниот Западен Брег, и затворија некои влезови во градот.
Израелските војници спроведоа и рации врз голем број куќи и деловни простории во истиот град.
Исто така, израелските сили извршија рација врз генералното седиште на палестинската новинска агенција ВАФА во Рамала, при што користеа и солзавец.