Ruslan Rehimov
25 Мај 2021•Ажурирај: 26 Мај 2021
БАКУ
Националниот парламент на Азербејџан ја одобри одлуката за отворање азербејџанска Амбасада во Босна и Херцеговина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На состанокот на Генералниот совет на азербејџанскиот Национален парламент беше разгледан нацрт-законот во врска со формирање на Амбасадата на Република Азербејџан во Босна и Херцеговина (Сараево).
На овој состанок, нацрт-законот во врска со отворање на азербејџанската Амбасада во Сараево е одобрен едногласно.
Инаку, односите помеѓу Азербејџан и Босна и Херцеговина беа воспоставени на 9 февруари 1995 година.
Амбасадата на Азербејџан во Србија исто така е акредитирана и за Босна и Херцеговина.