Ruslan Rehimov
01 Април 2021•Ажурирај: 02 Април 2021
БАКУ
Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев рече дека производите на турската компанија „Бајкар“ одиграле важна улога во уништувањето на непријателската опрема во ослободувањето на азербејџанските земји од окупација, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Алиев во Баку ги прими техничкиот директор на „Бајкар“, Селчук Бајрактар и претседателот и генерален директор на АСЕЛСАН, Халук Ѓорѓун.
Според изјавата дадена од Претседателството на Азербејџан, Алиев на средбата ја истакнал благодарноста до турскиот народ и до претседателот Реџеп Таип Ердоган за поддршката на Азербејџан во војната во Нагорно Карабах.
Осврнувајќи се на успесите на турската одбранбена индустрија, Алиев истакна дека тие достигнувања ги предводел Селчук Бајрактар.
Алиев исто така нагласи дека производите на турската компанија „Бајкар“ одиграле важна улога во уништувањето на непријателската опрема во ослободувањето на азербејџанските земји од окупација.
- Бајрактар на Алиев му ги пренесе поздравите на претседателот Ердоган
Алиев на Селчук Бајрактар му додели Орден за заслуги за Карабах поради придонесот во зајакнувањето на братските односи меѓу Турција и Азербејџан, како и за придонесот за обезбедување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Азербејџан.
Селчук Бајрактар му честиташе на Алиев за победата постигната во Карабах, изрази сочувство за војниците шехиди и ги пренесе поздравите на претседателот Реџеп Таип Ердоган.