Gamze Türkoğlu Oğuz
26 Септември 2020•Ажурирај: 28 Септември 2020
АТАЛАНТА (АА) - Американската астронаутка, Кејт Рубинс, на претседателските избори во Соединетите Американски Држави (САД), што ќе се одржат во ноември, ќе гласа од вселената, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Рубинс, која се подготвува во средината на октомври заедно со други двајца космонаути да замине во Меѓународната вселенска станица (UUİ) на 6 месеци, за агенцијата „Асошиејтед прес“ укажа на важноста од гласањето на претседателските избори во САД, закажани за 3 ноември.
„Ако можеме тоа да го направиме од вселената, луѓето секако ќе можат да гласаат полесно на Земјата“, порача Рубинс.
„Учеството е исклучително важно за нашата демократија. Сметаме дека е чест да може да се гласа од вселената“, додаде астронаутката.
Американската сојузна држава Тексас, каде што живеат многу американски астронаути, дозволува електронско гласање од вселената.