Can Hasasu
12 Јули 2024•Ажурирај: 15 Јули 2024
ВАШИНГТОН (АА)
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека е разочаран од проектот за привременото пристаниште кој имаше цел од Грчката администрација на Јужен Кипар да пренесе хуманитарна помош во Газа, јавува Анадолу.
Говорејќи на прес-конференцијата на крајот од самитот на НАТО, кој годинава се одржа во Вашингтон, главниот град на САД, Бајден одговарајќи на новинарско прашање рече:
„Разочаран сум што не успеаја некои од работите што ги предложив“, мислејќи на привремениот проект за пристаниште изградено од американската армија на брегот на Газа.
„Се надевав дека проектот ќе биде поуспешен“, рече Бајден за привременото пристаниште, кое двапати беше надвор од употреба поради неповолните временски услови што не дозволуваа преку него да се пренесе хуманитарната помош до населението во Газа.
– Бајден најави дека во Газа ќе биде пратено пловно пристаниште
Во последниот говор за состојбата на Унијата на 7 март, американскиот претседател Бајден најави дека во регионот ќе биде пратено привремено пристаниште преку кое ќе се доставува хуманитарна помош за жителите на Газа.
Со овој метод администрацијата на Бајден имаше цел да ја надмине пречката наметната од израелската администрација, која го забави влезот на хуманитарна помош во Газа преку копнените граници. Потоа Пентагон кон бреговите на Газа го прати системот на пловно пристаниште ЈЛОТС, кое го користат американските инженерски сили.
По повеќе од два месеца пловното пристаниште првпат стана оперативно на средината на мај. Пристаништето беше оштетено од невреме на 25 мај, по што повторно беше изградено на брегот на Газа по неговата поправка во Израел.
Додека хуманитарната помош што САД ја симна на подрачјето на брегот на Газа дојде до точка на исполнетост, нема информации колку од помошта што досега пристига по морски патишта им била испорачана на жителите на Газа. Пентагон најави дека повторно ќе го постави привременото пристаниште во Газа, кое беше повлечено на брегот на Ашдод, Израел, поради неповолните временски услови. Сепак, по изјавата на Бајден не е познато каков чекор ќе преземе американската војска во врска со привременото пловно пристаниште.