Dildar Baykan Atalay
26 Октомври 2021•Ажурирај: 26 Октомври 2021
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Џо Бајден во Белата куќа се сретна со патријархот Вартоломеј, челникот на Цариградската патријаршија, и неговата делегација, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Патријархот Вартоломеј во Белата куќа по состанокот, кој беше затворен за медиумите, рече дека со Бајден имал многу позитивна средба.
„Задоволство ми е што можам да соопштам дека покренавме иницијатива заедно со папата Франциско, надбискупијата на Англиканската црква, муслиманските и еврејските верски водачи, за сите низ целиот свет да бидат вакцинирани. Господинот претседател Бајден, исто така, со големо задоволство ја поздрави оваа иницијатива.“
Патријархот Вартоломеј, кој своите контакти во САД ги започна со вечера во чест на Хасан Мурат Мерџан, турскиот амбасадор во Вашингтон, подоцна во текот на денот се сретна и со американскиот државен секретар Ентони Блинкен.