Erbil Başay
21 Ноември 2017•Ажурирај: 23 Ноември 2017
БЕРЛИН (АА) - Во рамките на борбата против тероризмот, извршени се рации во осум куќи, во различни градови во Германија, при што се приведени шестмина Сиријци, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на обвинителството во Франкфурт се наведува дека во рамките на операциите започнати изутринава, извршени се рации во осум куќи во градовите Касел, Хановер, Есен и Лајпциг.
Според соопштеното, за време на операциите се приведени шестмина Сиријци (од 20 до 28 години) обвинети за членство во терористичката организација ДЕАШ, и за планирање терористички напад во Германија.
Исто така, се истакнува дека четворица од приведените дошле во Германија во 2014, а другите двајца во 2015 година, со цел да бараат азил во земјата.