Burak Karacaoğlu,Eşref Musa
12 Март 2018•Ажурирај: 13 Март 2018
ИДЛИБ (АА) - Режимот на Башар ал-Асад нападнa една детска градинка во сирискиот град Идлиб, при што се повредени 20 цивили, од кои повеќето деца, додека во воздушните напади извршени врз другите цивилни населени места во Идлиб, загинаа четири цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
„Дваесет цивили, од кои повеќето деца, се повредени во воздушниот напад врз детската градинка „Abdullah İbni Abbas“, која се наоѓа во подрачјето на Тефтеназ“, истакна во изјава за АА, Мустафа Хак Јусуф, директор на Цивилната одбрана во Идлиб.
Јусуф информира дека четири цивили го загубија својот живот во воздушните напади на режимот, извршени во цивилните населени места во Идлиб, како Биниш, Маарет Мисрин и Рам Хамдан.
Тимовите на Цивилната одбрана велат дека воздушните напади се сè уште во тек, и дека е можно да се зголеми бројот на жртвите.
Советот за безбедност на ОН, со усвојување на Резолуцијата на 24 февруари, побара да се прогласи хуманитарно примирје за цивилите низ Сирија, пред сè, во Источна Гута. Но не беше дефинирано како ќе биде спроведено барањето за спроведување „итен“ прекин на огнот. Русија, по одлуката на СБОН, на 27 февруари соопшти дека во периодот од 9:00 до 14:00 часот, секојдневно воведува хуманитарен прекин на огнот, тврдејќи дека режимот ќе ја почитува оваа одлука.