Aliia Raimbekova
11 Јануари 2018•Ажурирај: 11 Јануари 2018
АСТАНА (АА) - Поради снежаната бура во казакстанската престолнина Астана е прогласена вонредна состојба, јавува Anadolu Agency (AA).
Од метеоролошкиот центар на Казахстан најавија пад на температурите до минус 25 Целзиусови степени. Властите во Астана прогласија вонредна состојба.
Тие, исто така, предложија прекин на работата на државните институции и други работни места. Затворени се и патните правци што водат кон главниот град, а прекината е и наставата во училиштата.
На официјалниот сајт на меѓународниот аеродром „Нурсултан Назарбаев“ се наведува дека поради безбедносни причини летовите се откажани.
Градот Астана, каде што зимата трае пет до шест месеци, по Улан Батор е втор најстуден главен град во светот.