Gamze Türkoğlu Oğuz
30 Мај 2018•Ажурирај: 31 Мај 2018
ДАКА (AA) - Над 100 лица се убиени во судирите кои настанаа за време на операциите извршени од почетокот на овој месец, во рамките на борбата против наркотици во Бангладеш, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според вестите на локалните медиуми, властите на Бангладеш соопштија дека од почетокот на операциите досега се убиени над 102 шверцери на наркотици, додека 12.000 лица се приведени.
Се вели дека на поголемиот дел од приведените шверцери на наркотици им е изречена затворска казна од 7 дена до 6 месеци.
Министерот за внатрешни работи на Бангладеш, Еседузаман Хан, истакна дека војната ќе продолжи сè до искоренување на трговијата со наркотици, и дека жртвите во операциите, без сомнение се шверцери на наркотици.
Организациите за човекови права, смртните случаи за време на операциите ги опишуваат како вонсудски убиства.
Главната опозициска партија, Националистичката партија на Бангладеш, тврди дека голем број високи претставници и активисти се цел на безбедносните сили, во име на земање под контрола на трговијата со наркотици.
Властите на Бангладеш претходно ги негираа тврдењата, и рекоа дека во борбата против наркотици применуваат политика на нулта толеранција.