Gamze Türkoğlu Oğuz
25 Април 2019•Ажурирај: 27 Април 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Поранешниот потпретседател на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, официјално најави дека ќе учествува во трката за кандидат на Демократската партија за претседателските избори кои во таа земја ќе се одржат наредната година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Бајден на Твитер потврди дека се кандидирал за претседателски кандидат на Демократската партија.
„Се бориме за зачувување на духот на нашата нација. Доколку дозволиме Доналд Трамп да остане осум години во Белата куќа, карактерот на нацијата драстично ќе се промени од темел. Не можам тоа пасивно да го набљудувам“, порача Бајден кој беше потпретседател на САД во мандатот на поранешниот американски претседател Барак Обама.
Американските медиуми претходно известуваа за можната кандидатура на Бајден, а сега јавуваат дека во претседателската кампања ќе се претставува како единствен кандидат кој е способен и има капацитети да ја обедини Демократската партија во борба против републиканскиот кандидат и актуелниот претседател Доналд Трамп.
Според резултатите на анкетата која ја објави Универзитетот „Монмут“, Бајден води во трката за претседателски кандидат од Демократската партија со 27 отсто поддршка од гласачите. Зад него со 20 отсто поддршка на гласачите е сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс.
Претседателските 59. избори во САД ќе се одржат на 3 ноември наредната година. Во Демократската партија за кандидатура ќе се борат повеќе од 20 потенцијални кандидати. Актуелниот американски претседател Трамп се смета за голем фаворит за претседателски кандидат пред Републиканската партија.