?????
08 Ноември 2015•Ажурирај: 08 Ноември 2015
Антиимиграциското движење Алтернатива за Германија (AFD ) во Берлин организираше марш преку кој ја покажа реакцијата на политиката на германската канцеларка Ангела Меркел во врска со прашањето за бегалците, јавува Anadalu Agency (АА).
Демонстрантите носеа транспаренти на кои, меѓу другото, пишуваше: " Меркел мора да замине " и "Стопирајте ја Меркел, спасете ја
Германија" .
На демонстрациите присуствува речиси пет илјади луѓе, меѓу кои беа и истакнати членови на движењето.
Наспроти ова, се појави уште еден група која не го делеше нивното мислење. Полицијата мораше да интервенира и да употреби солзавец. Уапсени беа 40 демонстранти а еден полицаец беше повреден