Rania R.a. Abushamala
31 Јули 2024•Ажурирај: 02 Август 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Од синоќа, па до раните утрински часови денес Блискиот Исток беше сведок на два атентата, на високиот командант на Хезболах, Фуад Шукр, во израелскиот напад врз јужното предградие на Бејрут и на шефот на Политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханије, во иранскиот главен град Техеран, јавува Анадолу.
Палестинската група на отпорот Хамас рано утринава објави дека Ханије е убиен во израелски воздушен напад врз неговата резиденција во Техеран.
„Хамас жали пред нашиот голем палестински народ, пред арапските и исламските народи и сите слободни луѓе во светот, за шехидот, муџахидот Исмаил Ханије, водачот на движењето, кој беше убиен во предавничкиот ционистички напад врз неговата резиденција во Техеран по учеството на церемонијата на инаугурација на новиот ирански претседател“, се вели во соопштението на Телеграм.
Меѓутоа, израелската страна не даде изјава за инцидентот.
Израелската армија, исто така, вчера тврдеше дека го убила командантот на Хезболах, Фуад Шукр, во напад со беспилотно летало.
Судбината на лидерот на Хезболах е непозната по обидот за атентат синоќа.
Засега нема коментар од Хезболах за нападот.
Атентатите се случија во време на тековната израелска офанзива врз Појасот Газа која трае повеќе од девет месеци, заедно со ескалацијата на ситуацијата на Хезболах со израелската армија на јужната либанска граница.