Burak Karacaoğlu
28 Септември 2017•Ажурирај: 29 Септември 2017
ИДЛИБ (АА) - Најмалку 13 цивили загинаа во воздушните напади извршени од полноќ на подрачјето на сириски Идлиб, во една од сириските зони без судири, јавува Anadolu Agency (AA).
Подрачјето изложено на интензивни воздушни напади се наоѓа под контрола на сириската опозиција. Станува збор за јужниот дел на Идлиб. Меѓу загинатите има жени и деца.
Од нападите на подрачјето на Хан Шејкун не беше поштедена и итната служба, која во потполност е уништена.
Во нападите што од 19. септември се извршуваат на подрачјето на овој сириски град загинаа најмалку 83 цивили.
Јужниот дел на Идлиб од 19. септември е изложен на интензивни воздушни напади на силите лојални на сирискиот претседател Башар ал Асад, но и на Русија. Цел на нападите воглавно се училиштата и болниците. Во последните осум дена, во Идлиб загинаа најмалку 70 цивили.
Идлиб е сириски град во кој живеат 2,5 милиони цивили и е под контрола на сириската опозиција. Под иницијатива на Турција и на Русија, тој регион е прогласен за зона без судири, но силите на сирискиот режим, по 45 дена пауза, повторно започнаа да извршуваат воздушни напади во тој регион.
Во рамките на шестиот круг од мировните преговори во Астана, делегациите на Турција, Русија и на Иран, како земји-гаранти на мировниот процес, договорија да се испратат набљудувачки мисии со цел надзор на имплементирањето на прекинот на судирите во Идлиб.