Ekipa
29 Март 2016•Ажурирај: 30 Март 2016
ПАРИЗ (АА) –Бриселскиот градоначалник Иван Мајер на вонредниот состанок одржан во Париз кратко по терористичките напади во Брисел, изјави дека тој град никогаш повеќе не може да се врати во нормала, пренесува Anadolu Agency (AA).
Мејер се состана со градоначалничката на Париз Ан Идалго, со цел да ги слушне нејзините искуства од ноември минатата година, кога се случи серијата на бомбашки напади. Состанокот започнал со едноминутно молчење за 35те убиени жители на Брисел кои настрадаа минатата недела во нападите на аеродромот и метрото, како и за 70 жртви на скорашниот напад во пакистанскиот град Лахор.
На прашањето дали животот на Брисел ќе се врати во нормала, Мејер рече деке “зборот нормала веќе не постои”.
Градоначалничката на Париз , од друга страна, изрази солидарност со Белгија која започна “долг и болен процес на тагување и реконструкција”.