Nuri Aydın
19 Јануари 2023•Ажурирај: 20 Јануари 2023
РАНЧО КУКАМОНГА - Британскиот актер Џулијан Сендс исчезнал за време на својата прошетка по планините во американската сојузна држава Калифорнија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на полицијата за округот Сан Бернардино, Глорија Хуерта, соопшти дека со 65-годишниот актер, кој излегол на прошетка во природа во Калифорнија, не може да се воспостави контакт уште од изминатиот петок.
Портпаролката Хуерта изјави дека околу планините Сан Габриел се спроведуваат акции за откривање на исчезнатиот Сендс, но засега не се пронајдени какви било траги.
Таа соопшти дека иако пребарувањето одвреме-навреме запира поради ризикот од лавина и условите на теренот, активностите продолжуваат со хеликоптер и беспилотни летала.
Од друга страна, надлежните ја споделија информацијата дека претходно животот го загубиле и две лица кои пешачеле во тоа подрачје.