Ahmed Asmar
03 Јануари 2024•Ажурирај: 04 Јануари 2024
РАМАЛА (АА) - Израелската Армија повреди неколку Палестинци додека вршеше рации во областите низ окупираниот Западен Брег, јавува Анадолу.
Армијата изврши рација во градот Тулкарем, неговиот бегалски камп Нур Шамс, градот Калкилија и градот Наблус, кои се наоѓаат во северниот дел на Западниот Брег, јави дописникот на Анадолу.
Очевидци за Анадолу изјавија дека во градот Тулкарем имало судири и размена на оган меѓу израелската Армија и Палестинците.
Во судирите се повредени неколку Палестинци, додаваат очевидците.
Израелски дрон погоди локација во бегалскиот камп Нур Шамс во градот Тулкарем, додека израелските армиски булдожери уништија дел од инфраструктурата во кампот.
Израелските сили претресоа десетици домови, извршија испрашувања на терен и воведоа полициски час во кампот, велат очевидците.
Во меѓувреме, израелската Армија упадна и во областите во градовите Калкилија и Наблус и се судри со Палестинците.
Тензиите се високи низ Западниот Брег откако избија борби во Газа на 7 октомври меѓу палестинските групи и Израел.
Според палестинското Министерство за здравство, најмалку 324 Палестинци се убиени од израелските сили на Западниот Брег од 7 октомври, а над 3.400 други се повредени.