Aydoğan Kalabalık
27 Февруари 2019•Ажурирај: 28 Февруари 2019
КАИРО (АА) - Најмалку 25 лица загинаа во пожарот што избувна денес на железничка станица во Каиро, главниот град на Египет, пренесува Anadolu Agency (AA).
Фотографиите на социјалните медиуми покажаа облак од чад кој се издига над железничката станица „Рамзес“ во централниот дел на Каиро.
Локалните медиуми објавија дека пожарот бил предизвикан од експлозија на резервоар со гориво откако возoт удрил во безбедносната бариера, при што експлозијата предизвика голем пожар.
Египетската државна телевизија соопшти дека броaјот на жртвите во пожарот се искачи на 25 лица, а 40 лица се повредени.
Од друга страна, во соопштението на Железничката управа на Египет се наведува дека несреќата се случила поради експлозија на еден од резервоарите за горива додека патничкиот воз се приближувал до перонот, каде што се наоѓале стотици патници што го чекале возот.