Muhammed Sabry
07 Јануари 2024•Ажурирај: 08 Јануари 2024
Најмалку 22.835 Палестинци се убиени, а 58.416 лица се повредени во израелските напади во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти Министерството за здравство во опколената енклава, пренесува Анадолу.
Во соопштението на Министерството се наведува дека во израелскиот напад во последните 24 часа се убиени 113 лица, а 250 лица се повредени.
Израел продолжи со немилосрдните воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по ненадејниот прекуграничен напад на Хамас на 7 октомври. Според официјалните бројки, речиси 1.200 лица загинаа во Израел.
Нападот ја остави Газа во урнатини, при што 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена, а речиси 2 милиони жители се раселени поради сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.
Бројни меѓународни правни експерти рекоа дека овие дејствија на Израел во Газа претставуваат воени злосторства или геноцид, а земјите како Туркије и Јужнаафриканската Република работат на тоа да ги донесат правните случаи пред меѓународните судови.