Lokman İlhan
23 Јули 2019•Ажурирај: 23 Јули 2019
БОГОТА
Во Венецуела повторна настана голем прекин на електричната енергија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според извештаите на медиумите во земјата, во големиот прекин на електричната енергија што се случи по четврти пат оваа година, главниот град Каракас и значителен дел од земјата беа завиткани во темница.
Сè уште нема официјално соопштение за прекинот на електричната енергија што започна пред неколку часа.

Првиот прекин на електричната енергија во Венецуела се случи на 7 март и траеше околу една недела. Вториот голем прекин се случи на 25 март и траеше два дена. Претседателот Николас Мадуро објави дека причината за долгочасовниот прекин на електричната енергија во земјата е саботажата извршена од снајперист, кој стрелал врз уредот за пренос на електричната енергија во најголемата електрична централа „Гури“, предизвикувајќи пожар.
Последните прекини на електричната енергија настанаа на 29-30 март. Откако повторно беше пуштена електричната енергија, претседателот Мадуро го објави 30-дневниот план.

Во рамките на планот, во различни делови на земјата од 18:00 до 20:30 часот започна „редовно прекинување“ на електричната енергија.
Покрај тоа, Владата одлучи да ја преструктуира компанијата CORPOELEC одговорна за електричната инфраструктура на земјата.