Esra Kaymak
22 Мај 2016•Ажурирај: 23 Мај 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Командантот на централната Команда на Соединетите Американски Држави (CENTKOM), генерал Џозеф Вотел, вчера ја посети Сирија каде што оствари средба со воените советници коишто работат со сириско-арапските борци, се вели во соопштението од неговата Канцеларија, јавува Anadolu Agency (AA).
Вотел е американски офицер со највисок ранг кој досега влегол во Сирија, откако САД ја започнаа својата кампања против ДАЕШ во 2014 година.
Портпаролот на CENTCOM во пишано соопштение рече дека „Вотел остварил средба со американски воени советници кои работат со сириско-арапските борци и со водачите на Сириските демократски сили”.
Соред локалните медиуми посетата на генералот Вотел траела само 11 часа.
Во меѓувреме, Специјалниот пратеник на претседателот на Глобалната коалиција за борба против ДАЕШ, Брет МекГурк, на Твитер објави дека Вотел „правел подготовки за пробивање кон Рака”, самопрогласен главен град на ДАЕШ во Сирија.