Muhammet Nazım Taşçı
30 Јуни 2019•Ажурирај: 01 Јули 2019
КОЛОМБО (АА) - Властите на Шри Ланка вработија двајца џелати за извршување смртни казни во таа земја, пренесува Anadolu Agency (AA).
Медиумската куќа „Би-би-си“ (BBC) јавува дека џелатите биле вработени откако претседателот на Шри Ланка, Маитрипала Cирисена, неодамна изјавил дека четворица криумчари со дрога ќе бидат осудени на смртнa казнa.
Владата ги вработи џелатите кои би требало да ги извршат првите смртни пресуди на Шри Ланка, по полни 43 години.
Претходно, вработените џелати ќе мораат успешно да поминат двомесечна обука.
И пред пет години властите на Шри Ланка вработија еден џелат кој по првото видување на гилотината се онесвестил, а потоа дал и отказ. Уште еден џелат минатата година беше вработен, но и тој на сличен начин го прекинал својот работен однос.
Џелатите се примени на конкурс кој е распишан во февруари оваа година. Се пријавија повеќе од 100 кандидати, а во конкурсот од кандидатите се бараше да бидат високоморални личности со силен карактер.
Смртната казна на Шри Ланка никогаш не била официјално укината, но ниту една не е извршена од 1976 година. Претседателот на Шри Ланка неодамна сооопшти дека ќе ја врати примената на смртни казни за поефикасно да се борат против трговијата со дрога, која претставува најголем проблем во таа азиска земја.
Голем број европски земји, вклучувајќи ја Велика Британија, Франција, Норвешка, како и Европската Унија и „Амнести интернешнал“ остро го осудија враќањето на смртната казна на Шри Ланка.