Ekip
31 Октомври 2020•Ажурирај: 02 Ноември 2020
ЛОНДОН
Почина легендарниот шкотски актер Шон Конери, за кој многумина сметаат дека бил најдобриот Џејмс Бонд. Имаше 90 години, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Шкотската прва министерка Никол Стургеон рече дека и е скршено срцето поради таа вест.
„Нашата нација денес го оплакува еден од своите најмили синови", рече таа.
Во успешната долгогодишна кариера, Конери седум пати го глумеше Џејмс Бонд, почнувајќи од 1062 година во филмот „Доктор Но". Неговиот приказ дефинираше извонреден таен агент за генерации обожаватели.
Исто така, имаше главни улоги во филмовите „Индијана Џонс и Последниот Крстоносен Поход" и „Лов на црвениот октомври".