Şeyma Uzundere
30 Август 2021•Ажурирај: 31 Август 2021
КАБУЛ (АА) - Пет ракети паднаа во населба во близина на Меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“, што се наоѓа во авганистанскиот главен град Кабул, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Авганистанските медиуми соопштија дека од едно возило биле лансирани 5 ракети во насока на Меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“.
Според очевидците, лансираните ракети паднале во населбата Салим Карван во Кабул.
Исто така, очевидците пренесоа дека по големите експлозии се слушнале и бројни пукотници, и дека луѓето бегале од тоа место.
Сè уште не е откриено кој е извршителот на нападот, а не се споделени информации за бројот на жртви или повредени.
Инаку, исто и вчера беше лансирана ракета во населено место во близина на аеродромот во Кабул. Според „Би-би-си“ (BBC), во експлозијата загинале 9 лица од исто семејство, меѓу кои и деца.