Ömer Tuğrul Çam
24 Јануари 2023•Ажурирај: 26 Јануари 2023
БРИСЕЛ (АА) - Во главниот град на Белгија, Брисел, од почетокот на годината имало само 28 часа и 4 минути сонце, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од Метеоролошката служба на земјата, сонцето се појавило само 28 часа и 4 минути од почетокот на 2023 година во Брисел, кој е познат по облачното и врнежливо време.
Според прогнозите, во текот на јануари земјата ќе има претежно облачно време.
Експертите нудат различни предлози за луѓето против менталните проблеми предизвикани од ова време.
Меѓу нив се издвојуваат препораките како спортска активност, будење рано наутро за одржување на биолошкиот ритам и ангажирање во забавни хобија надвор од работата.
Психологот Дмитри Хаикин во изјавата за белгиските медиуми го привлече вниманието на важноста на биолошкиот ритам за телото да ослободува допамин и ендорфин.
„Решенија како одржување на овој ритам и дружење со пријатели или други луѓе, се важни за да се отстранат последиците од лошото време. Сите наши студии покажуваат дека сме посреќни, имаме подобар баланс во животот кога нашите социјални односи се добри“, рече тој.